ПОВЕЌЕ

    ИНСАЈДЕР ИД: РЕТРОСПЕКТИВА НА ПРЕФЕРИРАНИ МАРКЕТИ 2017 – 2019-ТА СПОРЕД МАКЕДОНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

    Време зa читање: 3 минути

    Пред објавувањето на ТОП 3-те Маркети за 2020-та година на 02.11.2020, агенцијата за Истражување и Консалтинг “Инсајдер ИД” прави ретроспектива за тоа кои беа маркетите кои се избирани во претходните 3 години. Во периодот се забележаа поголеми промени во малопродажниот пазар особено кај тврдите дисконти, проширување на поголем број на ланци, ценовни војни и промени во однесувањето на потрошувачите. Тековната година како последица од кризата се очекуваат уште поголеми промени во начинот на пазарење и однесување на пазарот.

    Тврдите дисконти “галопирачки” растат и привлекуваат се поголем број на потрошувачи, тренд кој е очекувано да биде уште поизразен во иднина. Забележливо беше и проширување на приближно сите ланци на маркети кое што е беше забележано и во просечниот број на маркети во кои потрошувачите секојдневно пазарат. Една од препораките која што е неколку пати наведена од консултантите е потребата за промена на бизнис моделите на класичните “retail-ери” бидејќи забележително ја губат битката со тврдите дисконти, не само во Македонија туку и во светот.


    Истражувањата во претходните години не покажаа многу големи промени во генералниот  изборот на Топ 3 Маркети , каде на првата позиција од 2017-та до 2019-та година е позициониран Кам Маркет. Всушност, КАМ Маркет има стабилна позиција која надминува од 60% во сите години што посочува дека од 10 потрошувачи 6 пазарат активно во посочениот ланец на маркети. Иако очекувано, голем раст во позициите и работењето е забележано кај Стокомак кој од “локален” ланец прилично брзо придоби голем број на потрошувачи за во 2019-та година се приближни на второ позиционираниот Тинекс. Еден од најстарите, ланци на маркети “Тинекс” во последните 2 години бележи стагнантно изедначено учество од 33%. “Веро” кој во 2017-та беше позициониран на 3-тата позиција бележи намалување на учеството до 22% во 2019-та.

    Повеќе за истражувањето од Инсајдер ИД на www.insider.mk, телефонскиот број +389 72 219 806 или пак на електронските адреси [email protected]. Агенцијата Инсајдер ИД е специјализирана за бизнис истражувања и консалтинг.

    Прочитај и: СЕДУМ ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ ВО ЗЕМЈАВА „ЌАРИЛЕ“ 25 МИЛИОНИ ЕВРА

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично