Во склоп на кампањата „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш“, „Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС“ организира акција за помош на пензионерите.
Во време на корона кризата, голем број пензионери не можат сами да си ги обезбедат основните потреби, како пазарење на намирници. Токму затоа, тимовите на волонтери кои ќе се пријават на повикот, заедно со вработените во МАПАС и пензиските друштва, организирано ќе помагаат на пензионерите со набавка и достава на потребни намирници.
Акцијата ќе се спроведе од 15ти октомври до 15ти ноември, на територијата на град Скопје.
Пријави се, помогни и не заборавај: „Ако ти е рано за пензија, не ти е рано за https://penzija.mk/“.