Од денес, нова државна обврзница на Македонска берза. Тоа значи дека државата ќе се задолжи кај домашен терен под поповолни услови отколку да позајмува во странство. Овојпат, во износ од над 22 милиони евра, за кои инвеститорите, односно кредиторите ќе добијат солидна камата од 5,1 процент.
Позајмените средства ќе стигнат за наплата по 15 години. На шести февруари, денот кога обврзниците се издадени од Министерството за финансии.
„Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 14.02.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“, соопштија од Македонска берза.
Издадени се 136.920 обврзници чија номинална цена е десет илјади денари. Вредноста на емисијата е 1.369.200.000 денари.
Овој вид државна обврзница е без девизна клаузула.