ПОВЕЌЕ

    Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2020

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2020 година вкупниот промет изнесувал 2.785.792.356 денари и е зголемен за 250.23 отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 1.484.434.935 денари и е зголемено во однос на февруари за 134,77 отсто кога изнесувало 632.283.863 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 1.446.736.000 денари и обврзници во вредност од 37.698.935 денари.

    Блок трансакциите за март изнесувале 1.301.357.421 денари и се зголемени за 1741,75 отсто во однос на февруари.

    Бројот на трансакции во март изнесувал 4.828 и е зголемен за 98.11 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.437.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за март се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

    Месечниот статистички билтен за март 2020 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично