ПОВЕЌЕ

    Лукоил и понатаму останува најголемата руска приватна компанија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Лукоил ја задржа позицијата како најголема приватна компанија во Русија во 2019 година, додека енергетската компанија „Сургутнефтегас“ е на второ место, а малопродажната компанија Х5 на трето.

    Економскиот магазин „Форбс“ објави список на „најголемите приватни компании во Русија“ на кои нафтената компанија Лукоил го зазеде првото место со приходи од 7,8 трилиони рубли минатата година.

    Втора на листата е нафтената компанија „Сургутнефтегас“, која минатата година заработи 1,8 милијарди рубли. Трговската компанија X5 го зазеде третото место на списокот со приход од 1,7 трилиони рубли.

    Според магазинот Форбс, проблемите во руската економија влијаеле и на вкупните приходи на компаниите на списокот.

    Вкупните приходи на компаниите на списокот се зголемија за 22 проценти во 2018 година во споредба со претходната година, додека минатата година тие забележаа раст од 12 проценти.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично