ПОВЕЌЕ

    Сања Лукаревска одржа онлајн состанок со претставници на Светската банка, Министерството за финансии и раководството на Управата за јавни приходи.

    Време зa читање: < 1 минутa

    Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска одржа онлајн состанок со претставници на Светската банка, Министерството за финансии и раководството на Управата за јавни приходи. Состанокот беше посветен на  успешната  оценувачка  мисија над Управата за јавни приходи  која се спроведе од страна на експерти од Светската Банка оваа година во периодот мај-август, целосно онлајн.

    Експертите од Светска Банка со користење на алатката Tax Diamond извршија сеопфатна проценка на даночната администрација. Се оценуваа  релативните јаки страни на Управата за јавни приходи и можностите за нејзино подобрување споредени со добрите меѓународни практики . Вкупно 230 показатели дадоа слика на успешноста на Управата за јавни приходи врз основа на збирни мерења на успешноста на работењето, стратешката визија, законската и регулативната рамка. Управата за јавни приходи активно ќе ја продолжи соработката со Светската банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично