ПОВЕЌЕ

    Литванската централна банка прва издава дигитални пари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Банката на Литванија се подготвува да издаде дигитални пари, први за една централна банка во еврозоната, објави Reuters.

    Централната банка на Литванија беше една од многуте која разгледуваше како може да издаде дигитални валути за да го компензира падот на употребата на кеш – процес забрзан од пандемијата од коронавирус (COVID-19).

    „Никој во заедницата на централни банки не размислуваше сериозно за дигитална валута пред да сфатиме дека постои легитимна закана дека некој друг ќе го заземе нашиот простор … Мора да му дадеме на општеството тоа што сака“, изјави заменик-гувернерот на банката, Мариус Јургилас.

    Јургилас изјави дека 24.000 дигитални токени наречени „LBCOINs“ кои се засноваат на blockchain технологија ќе влезат во претпродажба во втората недела од јули.

    LBCOIN е многу сличен на она што е познато како дигитална валута на централната банка (CBDC) или традиционалните пари во дигитална форма, додаде Јургилас. Тоа се разликува од посложените криптовалути како биткоин.

    Извор: Денар

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично