ПОВЕЌЕ

    Лидл не планира да отвара маркети во Македонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Германскиот трговски синџир „Лидл“ ги демантира неодамнешните информации дека планира отворање маркет во нашата држава.

    Како што велат од компанијата за Дојче Веле, „Лидл“ не планира отворање супермаркети во Македонија, ниту пак постоело план за ширење во земјата.

    Лидл постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот во Македонија, велат од прес-службата на компанијата.

    Лидл во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД.

    Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркети.

    Синџирот поседува повеќе од 10 илјади супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија.

    Во регионот, покрај Македонија, Лидл нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично