ПОВЕЌЕ

    Лажна наградна игра од лажен Фејсбук профил на Охридска банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на вчерашниот ден се појави Фејсбук страница која го злоупотребува името на Охридска банка АД Скопје и која преку лажна наградна игра собира лични податоци.

    Охридска банка АД Скопје даде известување дека нема никаква поврзаност со оваа лажна Фејсбук страница. Ве известуваме дека официјалните комуникациски канали и податоци за Банката се објавени на корпоративниот веб-сајт www.ohridskabanka.mk

    Во соопштението од банката потенцираат дека апелираат до целата јавност да биде исклучително внимателна со своите лични податоци имајќи ја предвид сериозноста од злоупотреба на овие податоци од трети лица.

    Охридска банка веќе ја пријави оваа злоупотреба во Фејсбук и ќе преземе понатамошни чекори за расчистување на овој случај во надлежните институции.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично