ПОВЕЌЕ

    ЛАНСКИОТ ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА НАМАЛЕН ЗА 42 ОТСТО во однос на 2021 година!

    Време зa читање: 4 минути

    Годишниот статистички билтен што го објави Македонската берза покажува дека прометот на Берзата, што е направен во 2022 година е за дури 42 % помал од оној што беше направен во 2021 година. Податоците покажуваат дека направениот промет на Берзата во 2022 година изнесувал 121 милион евра, а во 2021 година бил 209 милиони евра. Значително е намален и бројот на трансакции – во 2021 година имало 20.647 трансакции, а во 2022 имало 17.274 трансакции.

    Берзански показатели2021 година2022 година% на промена
    Вкупен промет 209 милиони евра121 милион евра- 42%
    Вкупен број на трансакции20.64717.274 - 16,3%

    Извор: Македонска берза

    За економистите не е за изнанадување намалениот промет, затоа што инвеститорите лани, генерално водени од емоција, се воздржале и се плашеле да инвестираат во акции. Причина за тоа е што минатата година беше една од најтешките години, кога место заздравување по силниот удар од КОВИД-19, цел свет се соочи со последиците од руско-украинската криза. Во време кога цената на енергентите вртоглаво растеше и кога инфлацијата го гризеше семејниот буџет и на жителите на развиените земји, па и тие беа воздржани од потрошувачка, имаше многу помалку инвеститори во акции, дури и во однос на 2021 година, кога сè уште силно се чувствуваше ковид-пандемијата.

    Инвестициските консултанти, пак, велат дека токму сега е време да се вложува, затоа што во цените на акциите на светските берзи е вградена мала до средно тешка рецесија. Значи, сега има можност за купување на акции по пониски цени за да се остварат капитални добивки, со постепеното излегување од кризата. Секако, како и секогаш, треба внимателност во изборот на компанијата во која ќе се инвестира.

    Сепак, податоците од Берзата покажуваат дека како одминувала минатата година, сè погласно се зборуваше за енергетската криза, цела Европа се грабаше за гасот за да ги наполни складиштата, правејќи планови дури и за колективно загревање на граѓаните, испораката на украинското жито секојдневно се соочуваше со опасност од блокирање, така растеше песимизмот на инвеститорите. Интересен е податокот што во октомври (по значително намалените промети почнувајќи од мај) има поголем скок на прометот на акциите, така што тој се вратил на нивото од јануари. Имено, во јануари прометот бил 14,6 милиони евра, а во октомври изнесувал 14,9 милиони евра. Но, во октомври имаме блок трансакции од околу 5 милиони евра, како и јавни берзански аукции за околу 5 милиони евра. Во овој месец беа големите тргувања со акции на Гранит, а најголемо меѓу нив беше кога пензискиот фонд Сава ги продаде своите 7,5 отсто од акциите во Гранит за 5,5 милиони евра.

    Во ноември и во декември минатата година има значителен пад на берзанскиот промет и тој е една третина во однос на почетокот од годината.

    МесецПромет (во милиони евра)
    јануари 14,6
    Втора тарифа17,3
    март11,5
    април15,7
    мај  9,4
    јуни6,9
    јули7,0
    август5,3
    септември 7,7
    октомври14,9
    ноември 4,9
    декември 5,6

    Извор: Македонска берза

    ТРГУВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛЕН ПАЗАР

    Ако, пак, се рагледа кои акции биле најинтересни на официјалниот пазар, податоците покажуваат дека најголем ценовен пораст постигнале акциите на ГД-Тиквеш Кавадарци, Оранжерии Хамзали Струмица, Стопанска банка Скопје – приоритетни, УНИ Банка Скопје и Макстил Скопје. Најголемо намалување на вредноста на акциите имале Бетон, Либерти, Жито Лукс, РЖ Уготур и Стопанска банка – Битола.

    Најголем пораст на вредност на акции на официјален пазар

    АкцијаПросечна цена (денари) 30.12.2021Просечна цена (денари) 29.12.2022% на промена
    ГД-Тиквеш Кавадарци 1571.000 536,9
    Оранжерии Хамзали Струмица100 201 101,0
    Стопанска банка Скопје– приоритетни472 800  69,5
    УНИ Банка 2.7014.00548,3
    Макстил 99 132 33,3

    Најголем пад на вредност на акции на официјален пазар

    АкцијаПросечна цена (денари) 30.12.2021Просечна цена (денари) 29.12.2022% на промена
    Бетон3.7091.500- 55,6
    Либерти 6039- 35,0
    Жито Лукс170114-32,9
    РЖ Уготур28 20-28,6
    Стопанска банка – Битола3.100 2.430 -21,6

    Извор: Македонска берза

    ПАД НА МБИ 10 ЗА 8,14 %

    Индексот на МБИ 10 на 29.12.2022 година бил 5.652,33 и тој е помал за 8,14 % во однос на 30.12.2021 година.

    Да потсетиме, пресметувањето на МБИ10 се врши согласно со Методологијата за пресметување на Македонски берзански индекс – МБИ10. МБИ10 се состои од најмногу 10 котирани акции на Официјалниот пазар на Македонската берза, избрани од страна на Комисијата за берзански индекс, според критериумите наведени во посебна методологија. За база на МБИ10, со вредност 1.000 се зема вредноста на индексот на 30.12.2004 година.

    Во тргувањето со акциите од МБИ 10, во 2022 година најмногу се тргувало со акции на Комерцијална банка (49,4 % учество во прометот), Алкалоид (16,64 % учество во прометот) и со акциите на Гранит (11,96 % учество). Но, сите три акции бележат намалување на вредноста во 2022 година во однос на 2021 година.

    Најтргувани акции од МБИ 10

    АкцијаПросечна цена (денари) 30.12.2021Просечна цена (денари) 29.12.2022% на промена
    Комерцијална банка11.725,9311.678,26- 0,41
    Алкалоид 18.440,17 17.157,28-6,96
    Гранит1.392,781.275,08-8,45

    Најтргувани акции во БЕСТ систем

    Најтргувани акции преку Берзанскиот електронски систем за тргување, наречен БЕСТ, се на: Комерцијална банка, со промет во минатата година од 31,7 милиони евра, Алкалоид, со промет од 13,96 милиони, НЛБ банка, со промет од 4,87 милиони, Макпетрол, со промет од 3,76 милиони и Гранит, со промет од 3,64 милиони евра.

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично