ПОВЕЌЕ

    Лагард ги замолува државите да продолжат да им помагаат на граѓаните

    Време зa читање: < 1 минутa

    Некои политичари се загрижени дека земјите ќе позајмуваат премногу за да ја поддржат економијата во текот на следната година.

    Кристин Лагард не размислува како нив.

    Претседателката на Европската централна банка во четвртокот за Си-Ен-Ен Бизнис изјави дека нејзиниот најголем страв не е дека Европската унија ќе собере „рид“ на долг, туку дека владите можат „брутално“ да ги повлечат гаранциите за работа и поддршката за приход, пред да биде време за тоа.

    Таквите програми, рече таа, мора да се олеснат „постепено“ и внимателно.

    „Тоа е она што мислам дека е најтешко“, рече Лагард.

    Владите „ослободија“ милијарди долари во текот на изминатата година за да помогнат во ублажување на економскиот шок од пандемијата, додавајќи невидена поддршка од централните банки како што е ЕЦБ.

    Европските лидери исто така одобрија пакет за закрепнување и 1,8 милијарди евра (2,2 трилиони долари) за да помогнат во зајакнувањето на економиите по минувањето на кризата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично