ПОВЕЌЕ

    Најчесто поставувани прашања за – „КУПУВАМ ДОМАШНО“ платежни картички

    Време зa читање: 10 минути

    Стопанска банка АД – Скопје, како системска банка, активно е вклучена во спроведувањето на проектот „Купувам домашно“ кој произлегува од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и на вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

    Клиентите е потребно да ги следат неколкуте чекори за да добијат информација за својот статус.

    1. На www.kupuvamdomasno.gov.mk може да се информираат од која банка ќе ја добијат картичката, како и за тоа за кој износ на финансиска поддршка се квалификувале.

    2. На овој веб формулар лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање.
    За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон/e-mail во Банката, ќе им биде испратен и СМС/e-mail со терминот и со филијалата за подигнување на картичката.
    Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109.
    Листата со термини за подигнување на картичките се ажурира секој ден согласно изработката и испораката на нови количини картички кон филијалите. Проверете повторно следниот ден, доколку се уште немате термин за подигнување на картичката.

    3. Апелираме клиентите да се придржуваат до определениот термин (датум, време и филијала) за подигнување на картичките со цел избегнување на метежот и нивна поголема заштита во овие вонредни услови. Клиентите задолжително со себе треба да понесат важечки документ за лична идентификација!

    4. Издавањето на картичките Банката ќе го врши во наменски определени филијали (во градовите каде СБ е застапена со повеќе филијали) или со посебен временски режим на работа за оваа намена (во градовите каде што Банката има една филијала), за што детални информации ќе бидат објавени наскоро.


    Како да знам дали ми следува ДПК платежна картичка?

    Проверката е достапна преку интернет страницата на Владата kupuvamdomasno.gov.mk со внес на ЕМБГ. Резултатите покажуваат дали лицата се квалификувани за платежна картичка и во која од банките ќе им биде изработена картичката.

    Распореден сум за издавање на платежна картичка преку Стопанска банка, кога ќе можам да ја подигнам мојата ДПК платежна картичка?

    За издавање на картичката клиентите се известуваат преку СМС/е-mail, а на интернет страницата на Банката објавен е web формулар на кој со внес на ЕМБГ   се добива информација за филијалата и терминот за подигнување на платежната картичка.

    Распределен сум за издавање на ДПК платежна картичка преку Стопанска банка, но јас немам трансакциска сметка во Стопанска банка. Дали треба да дојдам и да отворам трансакциска сметка?

    Не, клиентите нема потреба посебно да доаѓаат за отварање на трансакциска сметка. Банката при издавањето на картичката ќе отвори и трансакциска сметка наменска за оваа потреба. При подигнувањето на картичката, клиентите потпишуваат Изјава со која правно се регулира отварањето на трансакциската сметка. Притоа, вака отворената трансакциска сметка ќе биде ослободена од трошок за водење на сметка до крајот на 2020 година.

    Сметките во сите банки ми се блокирани од извршител, дали ќе можам да ја користам ДПК картичката?

    Средствата од финансиската поддршка што ја доделува државата ќе може непречено да се користи преку ДПК платежната картичка, независно од тоа дали други сметки во Стопанска банка или други банки се блокирани.

    Кој износ на финансиска поддршка ќе го добијам на ДПК платежната картичка?

    Износот на финансиска поддршка го утврдува Владата како организатор на проектот “Купувам домашно“ и истиот може да се провери на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk

    Ја подигнав ДПК платежната картичка преку вашата Банка, но средствата се уште не ми се на располагање. Кога ќе бидат средствата на располагање за користење преку ДПК платежната картичката?

    Уплатата на средствата се извршуваше почнувајќи од 15 јуни 2020 г. сукцесивно на сметките на клиентите.

    Каде можам да ја проверам состојбата на средствата на ДПК платежната картичка. Дали има трошок за проверка на состојба преку банкомат?

    Состојбата на сметката може да се провери преку дигиталното банкарство на Стопанска банка (i-bank сервисот) или преку мрежата од повеќе од 170 банкомати на Банката. За разлика од повеќето други банки, проверката на состојбата на сметка преку банкоматите на Стопанска банка е секогаш бесплатна.

    Какви трошоци имам за издадената ДПК платежна картичка?

    • ДПК платежната картичка Стопанска банка ја издава без никакви трошоци за издавање и ослободена од трошок за годишна чланарина за првата година на користење. Доколку досега не сте имале трансакциска сметка во Стопанска банка, за потребите на издавањето на оваа картичка, отворена ќе биде трансакциска сметка која е ослободена од трошок за водење на сметката до крајот на 2020 г.
    • По истекот на првата година од користење (Јуни 2021), се наплаќа годишна чланарина од 150 денари годишно, но само во случај годишниот промет со ваша Visa/MasterCard ДПК картичка да е помал од 30.000 денари. Секако, доколку клиентите немаат повеќе потреба од картичката, можат во секое време и целосно бесплатно да поднесат барање за затварање на картичката преку било која од филијалите на Банката, или преку 24/7 Контакт Центарот (02/3100 109).

    Каде можат да се користат ДПК платежните картички?

    ДПК може да се користи исклучиво за промет во државата, за купување на МАКЕДОНСКИ производи и услуги на пример во:
    •    Супермаркети и други продавници за храна и пијалоци, Аптеки, фризерски салони, зелени пазари и сл.
    •    Ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта и други сместувачки капацитети во државата како и туристички агенции

    Каде не може да се користи ДПК платежната картичка? Зошто ми беше одбиено плаќање? Зошто не можам да извадам пари од картичката?

    ДПК платежната картичка е системски оневозможена од Банката за подигнување на готовина (кеш) од банкомат или од филијала, за плаќања во странство како и за користење надвор од предвидените дејности утврдени со Уредбата на Владата за издавање на ДПК. На продажните места пак каде е возможена за користење, ДПК платежната картичка е наменета исклучиво само за плаќање (при купување) на македонски производи. Исто така, сметката поврзана со ДПК картичката не може да се користи за пренос на средства на други сметки.

    Дали картичката може да продолжам да ја користам и по истекот на 2020 година?

    Да, картичката може да се користи и по истекот на 2020 година. Картичката има 5 годишна важност, ослободена е од годишна членарина за првата година на користење (до јуни 2021), по што годишната членарина изнесува 150 денари (за цела година), но се наплаќа само доколку прометот во трговската мрежа, направен со картичката претходната година, бил помал од 30.000 денари (вкупно за цела година).

    Откажувањето на картичката може да се направи во секое време без никаков трошок.

    Во кој временски период мора да се искористат средствата од уплатената финансиска поддршка преку ДПК платежната картичка?

    Средствата од финансиската поддршка потребно е да се искористат најдоцна до 15 Август 2020 г. по што евентуално неискористениот износ, Банката е должна да го врати на организаторот на проектот. Целосни информации во врска со ова и слични прашања прочитајте на www.kupuvamdomasno.gov.mk

    Дали можам да одберам дали ДПК платежната картичка да биде Visa или MasterCard?

    Стопанска банка издава ДПК картички од двата најпознати меѓународни брендови: Visa и MasterCard. Во интерес на навремено издавање на сите картички, не е предвидена можност за избор на платежен бренд Visa / MasterCard, односно брендот го одбира Банката согласно расположливите залихи на картички.

    Дали картичката можам да ја користам за плаќања преку Интернет?

    Да, картичката може да се користи за плаќање преку Интернет кај домашни интернет продавници. Притоа потсетуваме дека Стопанска банка е првата банка во државата која ги овозможи сите картички за безбедно користење на Интернет, обезбедувајќи им 3D Secure заштита. За да може да се користи картичката на Интернет, претходно потребно е клиентите да имаат пријавено точен/активен мобилен телефон во базата на Банката, со проверка преку Контакт Центарот (02/3100 109)

    Кој е износот на финансиска поддршка кој ќе го добијам на ДПК платежната картичка?

    Износот на финансиска поддршка може да се провери на www.kupuvamdomasno.gov.mk 

    По налог на Владата како организатор на проектот “Купувај Домашно“, Банката само е издавач на ДПК платежната картичка и овозможува нејзино соодветно користење само за предвидените дејности на територијата не државата.

    Се уште немам наполнето 18 години па сакам да знам дали подигнувањето на ДПК платежната картичка можам да го направам самостојно, или морам да дојдам со моите родители?

    Подигнувањето на ДПК картичката малолетно лице може да го направи самостојно само доколку поседува лична карта или пасош за идентификација. Во спротивно, за подигнување на картичката потребно е да се донесе извод од матичната книга на родени и присуство на најмалку еден родител или старател кој ќе приложи лична карта.

    Известен сум дека картичката треба да ја подигнам во Куманово, но јас сега живеам во Скопје. Што треба да направам за да можам ДПК картичката да ја подигнам од Скопје?

    Јавете се во Контакт Центарот достапен 24/7 на 02/3100 109 и побарајте картичката да биде доставена во градот во кој живеете во моментов. Префрлувањето на картичката во бараната филијала вообичаено е постапка која трае пократко од 7 работни дена.

    Известен сум дека треба утре да дојдам да ја подигнам мојата ДПК картичка, но мене ми е самоизолација и забрана за излегување надвор од домот поради контакт со лице што има Ковид-19? Во моментов не сум во Македонија, до кога може да дојдам да ја подигнам картичката?

    Картичката може да ја подигнете по завршувањето на периодот на самоизолација или по завршувањето на евентуалното лекување од Ковид-19.
    Рокот за употреба на средствата е 15.08.2020 па можете да ја подигнете картичката пред тој термин.

    Известен сум дека утре треба да дојдам за подигнување на мојата ДПК картичка во 10:00 часот. Дали морам да дојдам точно во наведеното време?

    За избегнување на поголем ред за подигнување на картичките, Банката доделува термини кои доколку се почитуваат, подигнувањето на ДПК картичките ќе биде без поголеми задржувања во редот. Картичката може да ја подигнете и во друг термин, но Банката препорачува да сторите максимални напори за запазување на посочениот термин како најбезбеден начин за подигнување на картичката.

    Како ќе бидам известен за мојот термин за подигнување на картичка кога во Банката немам пријавено податок за мобилен телефон/го променив бројот на мобилниот телефон?

    Постојни клиенти на Банката податокот за мобилниот телефон може да го ажурираат во секое време преку 24/7 Контакт Центарот на Банката достапен на: 02/3100 109. Дополнително, наскоро Банката ќе го објави web сервисот www.stb.com.mk/DPK преку кој клиентите самостојно ќе можат да остварат увид во нивниот термин за издавање на ДПК картичка.

    Дали може да ми ја пратите по пошта картичката? Не сум во можност да дојдам во филијала?

    Првичното издавање на картичката се врши преку филијаите на банката каде клиентите вршат избор на ПИН-код со кој избор се врши активирање на картичката а се потпишува и Изјава за подигнување на картичката која има функција на Договор. Обновените картички (по истекот на првичната важност) веќе 10 години Стопанска банка ги доставува на домашната адреса на клиентите

    Дали може овластено лице да ја подигне картичката во мое име?

    Не, ДПК картичките не може да ги подигне овластено лице. Доколку во наведениот термин не можно да се подигне картичката, подигнувањето лицето може да го направи подоцна во текот на месец Јуни или Јули 2020 г. Крајниот рок за искористување на средствата што државата како финансиска подршка ги уплаќа на ДПК е 15 Август 2020 г.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично