Повеќе не мора веднаш да ја платите целата сума за нов мобилен или телевизор. Биљана Мишиќ во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ го објаснува моделот „Купи сега, плати подоцна“ кој го револуционизира пазарувањето. Без камати за клиентите, но со јасна сметка за трговците. Дознајте кој всушност плаќа и зошто ова е win-win за сите. Погледнете ја епизодата и станете дел од нашата публика со еден клик на „сабскрајб“!
„Кој бизнис модел? Се работи за глобален тренд кој што го донесовме на македонскиот пазар. „Buy now – pay later“. „Купи сега – плати подоцна“. Модел кој што функционира буквално во светски рамки. Во Македонија пионерски и револуционерно го донесуваме за прв пат. Како Иуте. Се работи за интеграција на решенија со партнерски мрежи. Преко 800 партнери имаме во моментот. Преку 1.000 продавници се интегрирани онлајн и физички на решението „Купи сега – плати подоцна“ каде што имате простор да го поделите трошокот на неколку рати. Четири до шест типично рати се поделува трошокот. Едноставно со симплифицирано делење на износот кој што го платите за добро така што го купувате на бројот на рати.
– Купам телефонот на 8000 денари и сакам да го платам на 4 рати по 2000 и тоа е тоа…. Кој заработува? Која е логиката?
Логиката тука е во придобивката на бизнисот кој што го има од овој модел. Што значи ова за бизнисот? За бизнисот значи брза ликвидност, зашто средствата ги плаќаме во истиот момент, ние во име на клиентот.
Клиентот во врската јас носи кон нас, ризикот секако дека го преземаме ние. Просечната вредност на купувањето се зголемува со овој модел и на никој начин само со тоа што се зголемува куповната моќ на купувачот. Трговецот може да продаде повеќе..“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.