ПОВЕЌЕ

    Криптовата валута на Фејсбук има ново име: Diem наместо Libra

    Време зa читање: < 1 минутa

    Diem наместо Libra: криптовалутата, која е главно поддржана од Фејсбук, има ново име за да ја нагласи својата независност од американската компанија.

    Преименувањето е дел од реорганизација во поедноставна структура, рече во вторникот извршниот директор на Diem Association, со седиште во Женева, Стјуарт Леви, објави Ројтерс.

    Diem, што на латински значи ден, треба да стане дигитална валута поврзана со доларот. Леви не посочи кога ќе се случи лансирањето. Прво, мора да се добие одобрение од швајцарските надзорни органи. Фејсбук сè уште е „важен член на здружението“ кое брои 27 члена, рече Леви, пренесува Индикатор.ба.

    Промената на името сака да нагласи дека здружението Дием „дејствува независно“ додаде тој.

    Дием се обидува да се разликува од другите даватели на крипто-услуги преку решавање на прашања важни за регулаторите и западните влади – вклучувајќи контрола на санкциите и финансиски криминал, рече Леви.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично