ПОВЕЌЕ

    Конституирана групацијата на финансиски друштва

    Време зa читање: 2 минути


    Извор: Стопанска комора на Македонија

    На 9.10.2019 година во Стопанската комора на Македонија, на седница во рамките на Здружението на финансиски организации, беше формирана Групацијата на финансиски друштва. На конститутивната седница беа разгледувани и усвоени Правилата за организацијата и начинот на работа, а воедно се избраа и органи на Групацијата.

    Имено, за претседател на Групацијата е избран Никола Јошевски, директор на „СН Финансии“, а за потпретседатели се избрани Весна Прчковска, управител на ФД „Финансиски кредитен центар БС“ ДОО – Скопје и ФД „ЕУРО МК“ ДОО – Скопје, како и Филип Димитровски, генерален директор на „Тиго Фајнанс“ – Скопје.

    Главен приоритет на Групацијата на финансиски друштва е идентификување на предизвиците кои се однесуваат на финансиските друштва со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, како и воведување нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.

    Една од целите на Групацијата ќе биде и креирање стратегија за развој на „финтек“ индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот и промовирање на можностите што ги даваат небанкарските финансиски технолошки решенија, кои ќе бидат од корист на поединците и општеството во целост.

    Заеднички беше констатирано дека на седниците на Групацијата на финансиски друштва е предвидено да се разгледуваат сите прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на сите тековни прашања и проблеми во дејноста, ќе се разгледуваат предлози на закони и други прописи и ќе се покренуваат иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на соодветните закони и прописи, ќе се работи на унапредување на бизнис климата во земјата, како и на унапредување на работењето на самите компании – членки.

    Органите на Групацијата, заедно со сите членки во претстојниот период посветено ќе работат на утврдување на програмата за работа во 2020 година.

    Извор: Стопанска комора на Македонија

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично