ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка “Златен спонзор“ на „Наградите во е-трговијата 2022“

    Време зa читање: 2 минути

    Е-трговците во Македонија се тркаат за најпрестижните награди во нивната дејност за 2022 година затоа што тие ќе ги препознаат најдобрите, а ќе ги мотивираат и охрабрат сите други да ја унапредат својата е-продавница. Комерцијална банка, како пионер во развојот на е-трговијата во земјава и како партнер на е-трговците кој го следи и помага нивниот раст повеќе од една деценија, ја има честа да биде Златен спонзор на „Наградите во е-трговијата 2022“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

    Со желба да ги награди најдобрите и со мисија да даде свој придонес за уште поголем развој на е-трговијата, Комерцијална банка со задоволство ќе ја спонзорира и додели наградата за категоријата „Мобилна апликација за е-трговија на годината“.

    Комерцијална банка ја поддржа оваа манифестација, пред сѐ, затоа што верува дека е-трговијата во нашата земја има одлична иднина, затоа што генерира приходи за сѐ поголем број амбициозни и вредни претприемачи и има уште многу што да каже и покаже.

    Банката токму во оваа насока ја развива и својата услуга е-commerce, преку која на своите клиенти им нуди најсовремени и високофункционални решенија за развивање и успешно работење на нивната е-продавница. Затоа што полесно е заедно да стигнеме до успехот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично