ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со нова стипендија за студентка на Економскиот факултет при УКИМ

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка верува во моќта на жените да создаваат, водат и да постигнуваат големи работи и затоа ги поддржува како работодавец и како општествено одговорна компанија. Во таа насока Банката обезбеди стипендија за Теодора Тиквешанска, студентка на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, која е на самиот почеток од своите студии.

    Со оваа поддршка ќе ѝ помогнеме на младата девојка во текот на нејзиното високо образование и во успешно остварување на нејзините амбиции и професионални определби. Финансиската поддршка е симбол и на континуираната заложба на Банката за поттикнување на младите жени да ја изградат својата професионална иднина во светот на финансиите, бизнисот и економијата.

    Економското јакнење на жените е еден од клучните фактори за одржлив развој на општеството, а со тоа и за градење стабилна и просперитетна иднина. Горди сме што во Комерцијална банка жените се движечка сила – тие сочинуваат најголем дел од нашиот тим, на различни позиции, сѐ до највисоките раководни функции во Банката.

    Нивниот успех е доказ дека посветеноста, знаењето и упорноста се клучни за градење успешна кариера и финансиска независност. Токму затоа, Банката не само што создава можности за професионален развој во институцијата, туку и активно вложува во идните генерации на жени лидери во економијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично