ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со најниска камата за станбен кредит

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка објави нова понуда со намалени камати за станбен кредит. Во соопштението на банката се вели дека станува збор за најниска каматна стапка за станбен кредит на пазарот.

    Висината на каматата што ја нуди Комерцијална банка ќе изнесува- 2,9% фиксна за првите 5 години или 3% фиксна за првите 10 години и 3,9% променлива за остатокот од периодот. Максималниот рок на отплата е до 30 години.

    “Кредитот можете да го искористите за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, купување градежно земјиште, недвижен имот во странство или за рефинансирање на друг станбен кредит”, посочуваат од банката.

    Повеќе информации за станбениот кредит може да прочитате на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично