ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА ДЕЛИ ДИВИДЕНДА: Чифлиганец, Етеми, Костов кој ќе избрoи најмногу пари на сметка?!

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка од вчера започна со исплата на дивиденда од добивката реализирана минатата година. Дел од парите веќе се легнати на сметка на акционерите.

    Банката ја заврши 2021 година со бруто-добивка во износ од 2.504,6 милиони денари (40,7 милиони евра). По пресметување на данокот на добивка од 200,2 милиони денари (3,2 милиони евра), нето-добивката на Банката изнесува 2.304,4 милиони денари(37,5 милиони евра).

    Банката за дивиденда за обични акции издвои 1.413.021.540 денари (23 милиони евра). Датумот на евиденција според кој е определена листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 14.04.2022 година. Согласно Одлуката, износот на бруто-дивидендата по една акција е 620 денари, односно 62,0% во однос на номиналната вредност на акцијата.

    Комерцијална банка има 5.207 акционери. Вкупниот број на акции е 2.279.067.

    Најголем акционер во Комерцијална банка е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец  заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

    Како најголем акционери Чифлиганец по основ бруто дивиденда од Комерцијална банка ќе заработи 3,4 милиони евра.

    Друг акционер кој поседува значителен број на акции исто доаѓа од градежниот бизнис. ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје во сопственост на бизнисменот Фатмир Етеми заедно со поврзаните лица поседува вкупно 72.999 обични акции, односно има учество од 3,2 % во основната главнина на Комерцијална Банка АД Скопје.

    Неговата сметка по основ бруто дивиденда од Комерцијална ќе порасне за 736.000 евра.

    Ексклузивно за порталот Пари и првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов откри колку поседува акции во банката. Со неговите 20.000 акции од Комерцијална банка, што претставува 0,877% од вкупниот број акции на Банката генралниот директор очекува принос од околу 201.000 евра од бруто исплатена дивиденда.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично