ПОВЕЌЕ

    ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ПАРИ: Хари Костов обелодени колку акции поседува во Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Купувањето акции во некоја компанија е секогаш интересно, но кога долгогодишен директор купува акции од компанијата со која менаџира тогаш интересот е најмалку двапати поголем. Така е и со генералниот директор на една од најуспешните банки Комерцијална банка, Хари Костов кој дваесетина години е на челната позиција на банката. Кога следуваше известувањето дека директорот Хари Костов купил 3.500 акции од банката по цена од над половина милион евра, прашањето што се наметна е колку вкупно сега поседува акции. Како акционер кој не поседува над 5 проценти од акциите директорот нема обврска да го обелодени своето учество. Сепак, директорот Костов одлучи ексклузивно да ги открие бројките за порталот Pari.com.mk.

    „И покрај тоа што согласно законската регулатива акционерските друштва немаат обврска да објавуваат состојба на акции на акционерите што поседуваат под 5% од вкупниот број на акции, сепак Ве известуваме дека Г-динот Хари Костов, Главен извршен директор на Комерцијална банка, поседува 20.000 акции од Комерцијална банка, што претставува 0,877% од вкупниот број акции на Банката“, се вели во изјавата на Комерцијална банка дадена за нашиот портал.

    Најголем акционер во Комерцијална банка со 14,99% е Адора Инженеринг.Сите останати акционери имаат под 5 проценти акции. Инаку, по објавата дека Хари Костов купи акции, акцијата на Комерцијална банка направи пробив над 10.000 денари на берза.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично