ПОВЕЌЕ

    Колку заработуваат првите десет најплатени фудбалери во светот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси е најплатениот фудбалер на светот, пред португалскиот голгетер Кристијано Роналдо, објавено во листата со десет најплатени играчи на францускиот „L’Equipe“.

    Капитенот на Барселона добива 8,3 милиони евра бруто секој месец, додека sвездата на Јувентус Роналдо заработува бруто 4,5 милиони евра.

    И двајцата се наоѓаат пред бразилскиот напаѓач Нејмар, кој со нешто повеќе од 3 милиони евра во ПСЖ е најплатен фудбалер во Франција. Неговиот клупски колега и репрезентативец на Франција, Килијан Мбапе не достигнуваат два милиони евра.

    Пред него се двајцата напаѓачи на Барселона, Антоан Гризман и Луис Суарез. Обајцата заработуваат околу три милиони евра бруто месечно.

    Двајцата офанзивни играчи на Реал Мадрид, Герет Бејл и Еден Азар, добиваат по 2,5 милиони евра месечно. Филип Кутињо, кој беше позајмен од Барселона на Баерн, има бруто плата од 2,3 милиони, а потоа следува Хина.

    Помеѓу десетмината најплатени се наоѓа и Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед со бруто месечна плата од околу 2,3 милиони евра, пренесува Bankar.rs.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично