ПОВЕЌЕ

    Колку украински фирми има во Македонија?

    Време зa читање: 3 минути

    Во Македонија има 40-тина компании каде што барем еден од сопствениците е по потекло од Украина покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Сите се микро, или мали фирми.  Од сите нив, во 2020 година (за кога постојат последни податоци), само 3 имале приходи поголеми од 3 милиони денари (околу 50.000 евра) и тие заедно оствариле вкупен  приход од 412.000 евра и вкупна добивка од 84.100 евра. Во овие три компании биле вработени 5 работници.

    ФИРМИ СО СОПСТВЕНИК ИЛИ КО-СОПСТВЕНИК ОД УКРАИНА СО ГОДИШЕН ПРОМЕТ НАД 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

    ФирмаПриход во 2020Добивка во 2020Вработени
    ТГК ПРИОРИТЕТ ДОО увоз-извоз Скопје198.0007.1002
    ВЕСТАН ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје135.00077.0001
    МУК ГЛОБАЛ ТРЕЈДИНГ ДОО увоз-извоз Скопје79.000/1

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    Компанијата „ТГК приоротет“ се занимава со трговија на големо со пијалоци и е регистрирана во Охрид. Во 2020 направила промет од 198.000 евра и тоа и донело добивка од 7.100 евра.

    Тговија на големо со делови и прибор за моторни возила врши „Вестан груп“ која е регистрирана во Скопје. Прометот и бил 135.000 евра, а повеќе од половина од прометот е добивка и таа во 2020 година изнесувала 77.000 евра.

    Компанијата „МУК глобал трејдинг“ е регистрирана со шифра на дејност „Трговија на големо со компјутери, компјутерска периферна опрема и софтвер“ и компанијата преклани успеала да направи вкупен промет од 79.000 евра, но не успеала да направи добивка.

    ФИРМИ СО УПРАВИТЕЛ УКРАИНЕЦ

    Дел од фирмите, според податоците на платформата БизнисМрежа, немаат сопственик од Украина, но затоа имаат управител Украинец. Тоа пак, не значи дека овие фирми имаат и украински капитал.  Имено, во бизнис праксата често може да се забележи дека централите на компаниите ротираат менаџери од една држава, каде што ја издигнале компанијата на успешно ниво, во друга држава за да ја спроведат праксата од претходната држава, од каде што доаѓаат. Исто така, во пракса многу мултинационални комапнии во една земја не доаѓаат преку својата база (централа), туку преку сосема други држави каде имаат свои фирми ќерки, кои се поблиску до земјата каде што отвораат своја нова фирма.

    Интересен факт, што го откурива анализата на „Пари“,  е дека на чело на компанијата ГЕНТЕРМ која е сместана во технолошко-индустриската развојна зона Алинци во Прилеп, стои државјанин на Украина. Според официјалната страница на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони „Гентерм“ е американската корпорација. Според, податоците на Бизнис.Мрежа, потеклото на компанијата која ја основа фирмата во Прилеп е од Германија. Но, секако, ова не значи и дека во компанијата има украински капитал.

    Еве дел од компаниите кои вртат голем промет, а чиј упрвител е Украинец.

    ФИРМИ ВО КОИ УПРАВИТЕЛ Е УКРАИНСКИ ДРАЖВЈАНИН

    ФирмаПриход во 2020Добивка во 2020Вработени
    ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Прилеп28.200.000310.0001.995
    БИХАЈВ ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје 1.700.000/83
    СКОПСКИ ЛЕГУРИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје79.000/55
    ТЕРАКОТАВИНГС ДООЕЛ Скопје477.000  2502
    ТГК ПРИОРИТЕТ ДОО увоз-извоз Скопје198.0007.1002
    ОЛД АМСТЕРДАМ БИЗНИС ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје150.0005.0000
    ВЕСТАН ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје135.00077.0001
    МУК ГЛОБАЛ ТРЕЈДИНГ ДОО увоз-извоз Скопје79.300/1
    СКОПСКИ ЛЕГУРИ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје29.600/4

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    Порталот „Пари“ веќе ги анализираше и компаниите со руски капитал во Македонија. За нас, од тамошните компании е особено важна компанијата ТЕ-ТО затоа што нејзиното производство на електрична енергија е колку што е еден блок на РЕК Битола, а таа е испорачател речиси и на целата топлинска енергијаво Скопје. Втора по големина и значење руска компанија во Македонија е Лукоил која има 30-тина бензински пумпи.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично