ПОВЕЌЕ

    Колку експозитури и банкомати ќе поседува четвртата најголема банка – Шпаркасе Банка Македонија?

    Време зa читање: 2 минути

    Нова помоќна банка ќе го напаѓа банкарскиот трон. Со упис на статусната промена – присоединување и официјално „Охридска банка“ АД Скопје се спои кон „Шпаркасе Банка“ Македонија. Со ова, интегрираната „Шпаркасе Банка“ влегува во ТОП петте големи банки во Македонија, заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.

    Со вкупна актива од 1,15 милијарди евра Шпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број еден во сегментот депозитарна банка, број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население, нудејќи им на своите клиенти атрактивни производи и услуги, како и експертиза што доаѓа од Ерсте Групацијата и Шпаркасе.

    Со успешната завршница на процесот на присоединување, Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот корпоративни клиенти. Уделот на банката на девизниот пазар ќе изнесува 25%. Шпаркасе е депозитарна банка на околу 50% од вкупните средства и извршува 40% од тргувањето со хартии од вредност на меѓународни пазари.

    Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, сега веќе опслужува повеќе од 140.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на приближно 100 локации ширум државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично