ПОВЕЌЕ

    КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА? Ранливите потрошувачи ќе можат да плаќаат 1.000 денари помалку во месецот за струја

    Време зa читање: 3 минути

    Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регулаторната комисија за енергетика, предвидува комплексни мерки за олеснување на трошоците за енергија и подобрување на квалитетот на живот.

    Програмата утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и згрижувачи на лица во социјален ризик.

    МЕРМС објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.

    „Право на финансиска поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од: 42.000 денари за домаќинство со два члена, 60.000 денари за домаќинство со три члена, 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена и згрижувачи кои згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување согласно Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето доход на месечно ниво не го надминувал предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари)“, велат од МЕРМС.

    Министерството доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на в

    Во оваа мерка не се опфатени лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица.

    Процедура за аплицирање Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/

    Со барањето е потребно да се достави изјава заверена на нотар за точност на приложената документација; фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување; фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија; фотокопија од лична карта на барателот и доказ за членовите на домаќинството.

    Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично