Трајан Ангелоски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“ е новиот претседател на Индустриска комора при Сојузот на стопански комори. Ангелоски е долгогодишен член на Управниот одбор на Комората, а успешно раководи со „Ариљеметал“ повеќе од 10 години.
Трајан Ангелоски е роден 1977 во Скопје по образование е дипломиран машински инжењер и магистар по Технички науки кој своето формално образование го стекна во родниот град на Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во повеке прилики и за време на студирањето и потоа со цел стекнување адекватна обука и вештини има престојувано во С.Р Германија, Австрија,САД, Јапонија, Кина, Тајван и други светски индустриски центри. Говори течно англиски, германски, и словенската група на јазици како српско-хрватски, бугарски сл.
Работната кариера ја започнува во семејната компанија Ариљеметал со неговиот татко и секогаш ја има главната улога за отварање на странските пазари и развој на компанијата, како резултат на неговата амбиција почнува да се формира групација на фирми Бометал Груп со помош на кој почнаа да се отвараат полека но сигурно и странските пазари.
Има живеено во повеке прилики во страство, но секогаш се враќа во родниот град Скопје. Секогаш се стреми кон развој напредок и следење на светските текови, нема компромис со квалитетот и своите производи.
Новиот претседател на Индустриската комора Ангелоски е експерт на реномираната сертификациска куќа TUVRhineland од Германија за врзувачка техника.Компанијата Ариљеметал е веке една од најпрепознатливите фирми во Европа и пошироко. Повеќе години Трајан Ангелоски е активен член на Управниот одбор на ССК и потпретседател на Индустриската комора и преставува добар познавач на работите во македонската и европската Индустрија.
На седницата на Собрание на Индустриската комора на која беше избран, Ангелоски истакна дека мандатот ќе го посвети на создавање подобра бизнис клима за компаниите од индустрискиот сектор, преку интензивирање на соработката со надлежните институции во поглед на прилагодување на законската регулатива и модернизирање на постапките и процедурите, како и преку унапредување и продлабочување на соработката со релевантни меѓународни институции и организации.