ПОВЕЌЕ

    Кој е најмладиот милијардер во светот?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Германецот Кевин Дејвид Леман кој има само 18 години стана, според списанието Форбс, е најмладиот милијардер во светот.

    Така ги замени моделот и телевизиската личност Кајли Џенер, која беше најмладиот милијардер минатата година.

    Леман го наследи уделот на неговиот татко во германскиот синџир аптеки Dm-Drogerie Markt, од 50%, вреден околу 3,3 милијарди долари. И тоа е сè што е познато за него, според Форбс.

    Вториот најмлад милијардер е 24-годишниот кинески државјанин Ванг Зелонг, кој наследи удел од 1,5 милијарди американски долари. Меѓу оние кои се наведени како милијардери и имаат околу 20 години, само четворица станале милијардери без да ги наследат парите, односно тие стекнале богатство преку својата работа. 

    Меѓу нив се и 26-годишниот Остин Расел (кој го напушти колеџот и го основаше ласерскиот лидер Luminar Technologies) и 28-годишниот основач на DoorDash, Стенли Танг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично