Петмина среќни добитници се извлечени во второто коло од наградната игра на MasterCard и Стопанска банка Скопје. Во согласност со правилата, извлекувањето е извршено во просториите на Банката, а во присуство на нотар.
При нивното јавно објавување се користат иницијали, градот каде што живеат и ID број доделен од Банката, кој е единствен за секој клиент. ID бројот клиентите го имаат во сите договори за соработка со Стопанска банка и на дигиталните канали.
За подигнување на наградите добитниците се телефонски исконтактирани преку Контакт центарот.
Од Банката се задоволни што наградната игра предизвикува голем интерес кај корисниците на Mastercard дебитните и кредитните картички. Само за август биле квалификувани речиси 1.700.000 трансакции.
Притоа, потсетуваат дека за учество во следните извлекувања, со што се добива можноста да се освои главната награда TESLA model 3 автомобил, е да се користат за плаќање Mastercard дебитни и кредитни картички. Плаќањето во трговијата носи право на едно учество учество; плаќањето на рати две права на учество; плаќањето преку интернет (e-commerce) – три права и плаќањето со Google Pay носи пет права на учество.
Третото извлекување од наградната игра ќе се одржи на 16 октомври, кога ќе бидат извлечени нови добитници на наградите: 1 х 50.000 денари, 1 х 100.000денари и 3 х Garmin паметни часовници.
А веќе на последното, четврто извлекување, освен за овие пет, ќе се знае и добитникот на главната награда.
Правилата за наградната игра се достапни на следната веб страница.