ПОВЕЌЕ

    Кои косовски фирми имаат милионски промет во Македонија? 10 компании лани свртеле 47 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Државјани на Косово имаат серзиони инвестиции во Македонија. Близината и традицијата, го носат косовскиот капитал во нашата држава. Заложбата за понатамошното продлабочување на врските беше потврдена и со вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти, како и со бројните договор потпишани од косовката и македонската страна, а во врска со економската и инфраструктурна соработка.

    Порталот Пари, во соработка со БизнисМрежа.мк, ги анализраше компаниите со косовски капитал. 10 најголеми компании по приход од оние во кои барем еден од сопствениците е државјанин на Косово, и каде што има барем 1 процент косовски капитал, минатата година заедно направиле влкупен приход од околу 47 милиони евра. Но, и покрај големите приходи, сите овие компании немале добивка. Дури, само 4 од  овие 10 компании работеле со профит, а 6 имале загуба. Ова пак, не може да се припише на пандемијата, затоа што и во 2019 година, 4 од сегашните ТОП 10 комании со косовски капитал биле во загуба. Инаку, вкупната добивка на 10-те топ компании по приход, со косовски капитал, лани изнесувала околу 460.000 евра.

    ТОП 10 компании по големина на приход со сопственик од Косово ( во евра)

    РангКомпанијаПриход 2020Добивка 2020
    1ВИВА ФРЕШ СТОРЕ ДООЕЛ10.000.000 /
    2ЕЛКОС ГРОУП7.000.000/
    330ЕЛКОС ГРОУП6.800.000153.000
    4АПЕТИТ ГРУП5.950.000/
    5ХИФЕРК ЛТД 4.600.000/
    6СТРИВАРИС ЛТД3.700.000/
    7БРИКО МАКЕДОНИЈА3.370.00057.500
    8СКАНДИНАВИАН ЛИВИНГ2.900.000155.000
    9КАН ИНТЕРНАТИОНАЛ1.500.000/
    10ИМАЛКО М1.100.00097.000

    Кој е кој од најголемата петка ?

    „Вива фреш“ почна со работа во 2003 година во Косово, каде има отворено 60 маркети во 21 града и на потрошувачите им нуди повеќе од 60.000 различни производи. Во Македонија во 2019 година отвори трговски комплекс од 10.000 квадратни метри лоциран во Топанско Поле.

    Во трговскат дејност се вбројува и „Еклкос груп“. Компанијата има трговски центар во Штип и продавница во Гостивар.

    „Футуре енерџи трајдинг енд ексчајнџ динамик“ пак, има лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика за тргување со електрична енергија.

    „Апетит груп“ дооел Скопје е производител и продавач на производи од месо.

    „Хиферк“ се занимава со трговија на големо, но она што е специфично за оваа фирма  е што таа нема вработени.  Оваа фирма беше и на листата на компании со најголем обрт на пари во 2020 меѓу оние компании имале нула вработени, а која неодамна ја објави порталот „Пари“.

    Инаку, Косово е еден од најзначајните трговски партнери и трговската размена се одвива слободно без царини, согласно ЦЕФТА договорот и Договорот за економска соработка. Вкупната трговска размена во 2020 година изнесувала 305,7 милиони долари, а само во првиот квартал од оваа година трговската размена е 130,2 милиони долари. Според очекувањата што ги соопшти премиерот Зоран Заев по денешната средба со неговиот косовски колега Албин Курти, годинава трговската размена треба да поминеме 400 милиони долари.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично