ПОВЕЌЕ

    Клуч на врата и глоби до 10.000 евра за фирмата што го измамила потрошувачот-Што содржи новиот Закон за заштита на потрошувачите?

    Време зa читање: 2 минути

    Колку ќе изнесуваат казните за бизнисмените што практикуваат нечесни трговски практики спрема потрошувачите? Владата го усвои новиот предлог закон за заштита на потрошувачите, а клучниот акцент е ставен на нечесните трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики.

    Еве што предвидува законот доколку се прекршат одредбите:

    • микро трговци- глоби од 500 до 1.000 евра, 150 евра казна за одговорното лице
    • мал трговец- казна од 1.000 до 2.000 ера, 250 евра за одговорното лице
    • среден трговец-глоба од 2.000 до 5.000 евра, 350 евра за одговорното лице
    • голем трговец- глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра, а 500 евра за одговорното лице
    • трговец поединец- казна од 50 евра

    Во делот на прекршочни санкции се предвидува:

    • голем и среден трговец- привремена забрана за вршење дејност од 3 месеци до 2 години
    • микро и мал трговец – привремена забрана од 15 до 30 дена
    • на одговорните лица кај правни лица -се предвидува забрана за вршење професија од 3 месеци доо 1 година
    • трговец поединец- забрана од 15 до 30 дена

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично