Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 39-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити
на Друштвото за осигурување „ЕУРОСИГ“ АД Скопје му даде одобрение да ја издаде четвртата емисија на акции по пат на приватна понуда.
Станува збор за 2.859 обични акции со продажна цена од 1000 евра по акција.
Вкупната продажна вредност изнесува 2.859.000 евра која е еднаква со номиналната вредност на емисијата. Зголемувањето на основната главнина со нови влогови се врши за однапред познат купувач-единствениот акционер Грацер Векселзајтиге од Грац, Австрија како институционален инвеститор.
Емисијата е заради постигнување на потребната адекватност на капиталот на „ЕУРОСИГ“ АД Скопје и за креирање услови за непречено вршење на редовното работење.