ПОВЕЌЕ

    ЌЕ ОСТАНАТ ЛИ АНГЛИЧАНИТЕ БЕЗ СВОЈОТ FISH&CHIPS, по одлуката на Русија да им забрани на британските бродови да ловат бакалар во Баренцовото море?

    Време зa читање: 2 минути

    Руската Државна Дума им забрани на британските бродови да ловат риба, харинга и бакалар, во водите на Арктикот на Русија и долж брегот на полуостровот Кола во Баренцовото море. Русија го раскинува договорот од 1956 година со Обединетото Кралство за правата на риболов поради санкциите наметнати на Русија, изјави Вјачеслав Володин, претседател на Долниот дом на рускиот парламент, за време на седницата во средата.

    „Овој договор, за жал, беше едностран и даваше овластување и права само на нашите тогашни партнери да ловат риба. Овој договор не им даде на нашите рибари такви овластувања. Тоа беше еднострано и не донесе никаква корист за советските рибари“, рече на состанокот на Државната дума, заменик-шефот на Министерството за земјоделство Максим Уваидов.

    Имајќи ја предвид одлуката на Велика Британија од 15 март 2022 година за укинување на режимот на најомилените нации во билатералната трговија со Русија, откажувањето на договорот „нема да предизвика сериозни надворешно-политички и економски последици“ за Москва, се вели во објаснувањето.

    Претседателот на Здружението на руски рибари, Немац Зверев, за Спутник објасни дека едностраното повлекување од договорот не претставува кршење на меѓународното право.

    Според потпретседателот на Советот на Федерацијата, Константин Косачев, забраната за риболов во руската зона на Баренцовото Море одамна созреала и таа е во согласност со законот и е адекватна мерка на Москва против „ непријателски акции на Лондон“.

    Британските медиуми овој потег на Москва го нарекоа „војна на Путин против британските рибари“ кој ќе ги погоди Британците и нивната зависност од специјалитетот „fish&chips“ односно риба со компир, кој е едно од најчесто конзумираната традиционална храна во голем дел од британскиот остров. Ова е удар за Британците таму каде што најмногу ги боли, коментираат медиумите на островот, додавајќи дека се работи за одмазда на Путин лично за Обединетото Кралство што ја онеспособи руската економија со санкциите поради војната во Украина.

    Британците изразија страв дека воените бродови на Путин сега може да се користат против британските рибарски бродови кои ќе сакаат да ловат харинга и бакалар во близина на руските територијални води.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично