ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје во соработка со ЕБОР и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) нуди кредитна линија наменета за поддршка на конкурентноста на МСП

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) нуди линија за унапредување на конкурентноста кај МСП компаниите. Целта на програмата е поддршка во финансирање микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија за подобрување на конкурентноста и усогласување со техничките стандарди во согласнот со ЕУ законодавството (EU Acquis Communautaire) во полето на заштита на животната средина, безбедност на работниците, квалитет и безбедност при работа.

    Крајни корисници од Програмата за кредити и стимулации се домашни компании од приватниот сектор со  најмногу до 249 лица и имаат годишен обрт до 50 милиони Евра или вкупна актива до 43 милиони евра, вклучително и трговци поединци и физички лица – самостојни вршители на дејност согласно законот на Северна Македонија.

    Максимален износ на финансирање на еден заемобарател е до 1 милион ЕУР (за еден или повеќе поткредити) во една или повеќе банки.

    Намена на средствата е исклучиво за основни средства, како и делот од обртни средства кои се сметаат за дел од трошоците на инвестицијата, но без вклучен ДДВ. Ова значи дека кредитот може да се користи за воведување на иновативни процеси во компанијата како вложувања во индустриски постројки, нова опрема, софтвер, подобрување на системите за управување кај претпријатијата и/или секакво подобрување во насока на усогласеност со директивите на ЕУ во полето на заштита на животната средина, безбедност на работниците, квалитет и безбедност при производство.

    Придобивки за инвеститорите: по успешна имплементација и верификација на инвестицискиот проект, заемопримачот ќе добие стимулација во висина до 15% од пониската вредност 1.Исплата на стимулации за крајните корисници по верификација на имплементирање на потпроектот во висина од 15% од помалата вредност од 1. Искористениот износ од потпроектот или 2. Трошоците на инвестицијата за подпроектот без вклучен ДДВ, како и бесплатна техничка помош при подготовка и оптимализација на потпроектите од технолошки и финансиски аспект. Стимулацијата и бесплатната техничка поддршка понудени во рамки на оваа програма се финансирани од Европската унија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично