Сѐ повеќе млади професионалци во Македонија ја напуштаат традиционалната рамка на работни односи, барајќи поголема креативна слобода, приходи што можат да се скалабилни и пристап до глобални клиенти. Токму тие три мотиви ја воделе и Катерина Смилева Божиновска да го избере Fiverr – една од водечките светски платформи за дигитални услуги. Во оваа епизода на New Biz Podcast Наташа Велковска разговара со Смилева Божиновска за нејзиниот сопствен бизнис модел поставен врз принципи на стабилност, раст и професионализам, кој веќе ги надминува рамките на класичниот фриленсинг.
Таа е дипломиран новинар која девет години работеше како политички и истражувачки репортер во неделникот Фокус. Ја напуштила новинарската кариера за да влезе комплетно во фриленсерските води, а денес веќе гради специфичен бизнис модел на платформата Fiverr.
На самиот почеток на разговорот Катерина зборува за почетоците и во новинарството и во фриленсерската кариера.
„Прво почнав со новинарството бидејќи студирав новинарство. Тогашниот професор на факултет, Зоран Димитровски, ме повика дали сакам да пробам да почнам да работам уште во втора година на студиите во порталот Фокус. Тогаш почнуваше порталот со работа и имаа потреба од практиканти. Всушност така започнав да работам како новинар, а фриленсерството дојде некои три години подоцна. Јас не имав некој посебен план, не ни планирав фриленс да работам. Тоа дојде сосема случено во комуникација со едни наши пријатели, кои имаа веќе започнато профил на платформата Fiverr и ни предложија на мене и на мојот сопруг, бидејќи заедно го работиме ова. И ние се рековме да пробаме, меѓутоа немавме некој конкретни вештени, коишто тогаш можевме да ги нудиме на платформата. Мојата професија имаше некоја блискоста да речеме со копирајтинг, сошал медиа маркетинг, а додека мојот сопруг работеше како видео-едитор. И тука најдовме некоја поврзаност и одлучивме да почнеме да нудиме услуги од областа на сошал медиа маркетинг, односно поточно креирање на содржини“, раскажува Смилева Божиновска.
Таа вели дека го направиле профилот на Fiverr во 2019 година и бидејќи до првите клиенти било најтешко да се дојде, морале да почнат со смешни цени тоа време, односни ниски.
„Оваа платформа функционира на принципот клиентите да пристапуваат кон фрилансерите. Многу е важно да се направи добар профил и добри пакети со понуда на услугите. За да успееме тоа да го направиме, ние многу истражувавме како изгледат профилите на оние кои се веќе многу успешни на платформата. Особено во областа на сошал медиа маркетинг. И така дојдовме до конкретната содржина, што да ставиме, како да ни изгледа сликата, како да се претставиме. Но, се разбира дека моравме да почнеме скромно, бидејќи како нов продавач на платформата пред сѐ ти пристапуваат мали клиенти, односно многу мали бизниси коишто често и самите не знаат што точно им треба. Но, ние бевме упорни и токму тоа што бевме упорни и што на почетокот прифаќавме да работиме и за ниски цени, ни овозможи денес тоа да ни се исплати“, вели Смилева Божиновска.
Но кога се случил пресвртот и дали има конкретен клиент поради кој се случил пресвртот, таа вели дека не е конкретно поради некој клиент, туку бројот на клиенти коишто месечно ги добивале. Таа додава дека на Fiverr се работи на кратки проекти и било многу важно да се стигне до што е можно поголем број на клиенти и проекти во текот на еден месец.
„Некако стигнавме до одредена месечна заработувачка која што беше задоволителна. Одлучивме прво сопругот да се даде отказ од неговата редовна работа, а јас продолжив да работам уште неколку години паралелно во новинарството. Да се навртам малку наназад, додека работев во новинарство, во меѓувреме почнав да работам и како пи-ар, бидејќи некако не ми беше доволна таа некоја просечна македонска плата во тоа време. Работев паралелно пи – ар-координатор во една невладена организација и новинар во Фокус. Така што работниот ден ми беше од 8 часа до 10. Тоа траеше 4 години“, вели Смилева Божиновска.
Таа раскажува дека пред сѐ уште при самиот инициален разговор со клиентите, со тек на време учеле да ги проценуваат за каков клиент станува збор, дали може да биде комплициран, дали има барања која ќе излегуваат од договорот, и со тек на време, успеале да донесат точните проценки за клиентите и почнале да се фокусираат на поголеми проекти.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcast