ПОВЕЌЕ

    КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ, ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА – Високи достигнувања на „Македонски телеком“ во 2024 година

    Време зa читање: 3 минути

    Профитот зголемен за 7,6 насто, приходите од продажбата за два проценти, оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација за 0,3 проценти. Зголемен број корисници. Вкупни капитални инвестиции од 2,286 милиони денари или над 37 милиони евра. Тоа се резултатите на „Македонски телеком“ остварени во текот на минатогодишното работење, од кои компанијата е задоволна, затоа што се одлични, при што е забележан раст, а потврдено е и лидерството на телекомуникацискиот пазар.

    „Македонски телеком ja затвори 2024 година со успешни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Успешното работење се темели на стратегијата за пионерство во новите технологии и најдобро корисничко искуство“, посочуваат од компанијата.

    Зголемен е и бројот на корисниците во сите сегменти. Кај широкопојасниот интернет има раст од 3,5 проценти, при што е дојдено до нивото од 218 илјади корисници. Вкупниот број на интернет пристапи е поголем за 3,7 проценти. Од Tелеком истакнуваат дека и во сегментот на фиксната телефонија ја задржале водечката позиција, со доминантен удел на пазарот од 62,2 проценти и 233 илјади корисници. Во делот на мобилната телефонија зафаќаат 48,1 процент од пазарот, со стабилна база од 1,28 милиони корисници. А, пак, првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците, Magenta Moments, има 280 илјади корисници.

    „Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, како и според Love Brand индексот, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници“, нагласуваат од „Македонски телеком“.

    Статусот на најдобра мрежа е зајакнат преку континуираните вложувања во мрежната инфраструктура и најновите технологии. Регистирирани се 344 илјади пристапи до оптика, што е за 9,6 насто повеќе во однос на 2023 година. А, 5G мрежата е достапна за 93 проценти од населението во Македонија, со гигабитни брзини во речиси сите градови. Тоа повторно им ја обезбедило престижната Ookla® награда за најдобра мрежа.

    Паралелно со овие активности, лани се работело и на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина. „Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество допревме до речиси 33.500 илјади корисници“, истакнуваат од компанијата, дополнувајќи дека се прогласени за најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво, а го поседуваат и престижниот сертификат Employer Partner.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично