Традиционално, по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација денеска ги додели признанијата на Најдобрите шалтерски работници за 2020 година.
Оваа година од Капитал Банка признание за најдобар шалтерски работник за 2020 година е доделен на Јулијана Јаневска – Кредитен референт во Експозитура Кисела вода во Скопје.
Честитки до Јулијана и сите останати добитници и се надеваме дека ова признание ќе биде мотивација за уште поголем успех во работењето.