ПОВЕЌЕ

    Како сработи Мермерен Комбинат Прилеп во време на Корона?

    Време зa читање: 4 минути

    Мермерен Комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 оствари приходи од продажба во износ од 1,365,085 илјади денари што претставува намалување за 38.6% споредено со истиот период од изминатата година.

    приходи од продажба 2020 2019
       – домашен пазар 8,786 0.64% 20,748 0.93%
       – странски пазари 1,356,299 99.36% 2,202,508 99.07%
    1,365,085 2,223,256
           
    приходи од продажба 2020 2019
       – рудник 1,328,988 97.36% 2,090,327 94.02%
       – фабрика     36,097 2.64% 132,929 5.98%
    1,365,085 2,223,256

     

    Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 541,137 илјади денари споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2019 година во износ од 1,371,989 илјади денари што претставува намалување за 60.56%.

    EBITDA за периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година изнесува 684,574 илјади денари наспроти остварениот износ од 1,480,023 илјади денари истиот период од изминатата година, или намалување за 53.75%.

    Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 511,377 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 1,237,782 илјади денари и покажува намалување за 58.69%.

    Оперативните расходи изнесуваат 862,049 илјади денари и се пониски за 5.17% во однос на истиот период од минатата година.

    Евидентирано е намалување на трошоците за материјали и суровини за 1.74%, а на расходите за вработени намалување за 4.47%.

    Трошоците за надворешни услуги се намалени за 26.66%. Трошоците за амортизација изнесуваат 139,298 илјади денари и тие се повисоки за 33.31% во однос на минатата година.

    Нема значителен отпис, поголем од 30% од вредноста на средствата.

    На 16 октомври 2020 година, согласно Одлука на Собрание на акционери 02-5420/3, акумулираните добивки остварени до 31 декември 2019 година во износ од 494,456 илјади денари се распределени за исплата на дивиденди. Во периодот заклучно со 31 декември 2020 година Друштвото исплати дивиденди на своите акционери во вкупен нето износ од 489,050 илјади денари и 5,307 илјади денари данок на исплатени дивиденди.

    Кредитните задолжувања на Друштвото во периодот од јануари до декември 2020 година бележат намалување за 9,488 илјади денари во однос на последните годишни финансиски извештаи.

    Последици врз Друштвото од пандемијата со КОВИД 19:

    Во текот на 2020 година Друштвото ја извршуваше својата дејност во услови на светска пандемија и постоење на кризна состојба во земјата, како последница на ширењето на вирусот Covid-19, а во еден дел од годината и во услови кога беше прогласена вонредна состојба во земјата (18/03/2020 -22/06/2020). За време на овој период, Друштвото се прилагодуваше на новонастанатите услови и примени разни активности со цел целосна адаптација на своето работење во согласност со препораките и насоките дадени од Владата, за заштита на јавното здравје. Со цел да го заштити здравјето на своите вработени и соработници, Друштвото превзеде орагнизациски и технички активности кои овозможија континуитет во работењето на Друштвото.

    • Во насока на намалување на последиците од намалената продажба, се воведоа алтернативни начини за презентирање на производите на купувачите/инспекторите. Наместо физичко присуство на купувачите, се воведоа интернет алатки и технологија, како што се високо квалитетни фотографии/видеа и телеконференции.
    • Со цел да се заштитат вработените, Друштвото примени мерки за зголемување на социјалната дистанца за време на работењето, двојно ги зголеми превозните средства за превоз на вработените, промовира и организира работа од дома, секаде каде што тоа беше возможно.

    Сепак, Друштвото претрпе значајни последици поради Covid -19 пандемијата.

    • Намалувањето на продажбата, главно се должи на глобалната рецесија. Пред ширењето на мерките против пандемијата, беше потребно физичко присуство на купувачите за проверка и избор на производите.
    • Намаленото производство делумносе припишува и на намалената работна сила поради ослободување од работни задачи на одредени категории на вработени согласно препораките и мерките на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19.
    • Доцнење во спроведувањето на инвестицискиот план, набавка на опрема, потрошен материјал, резервни делови и др.

    Изгледи/планови: Побарувачката на производи од мермер е директно поврзана со растот на економијата. Глобалното делумно или целосно стопирање на фабриките и градилиштата доведе до застој на глобалната економија. Од таа причина, не може да се проценат изгледите за 2021 година, бидејќи тие зависат од степенот на глобалната рецесија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично