ПОВЕЌЕ

    Со раст од 15 милиони евра – јунските девизни резерви 4,19 милијарди евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Девизните резерви го достигнале нивото од 4.189,7 милиони евра. Состојбата е од крајот на јуни, а во споредба со мај забележано е зголемување за 15 милиони евра.

    Најголемиот дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност – 65,9 проценти. Во валути и депозити 24,9, а во монетарното злато 9,2 отсто од резервите.

    Девизните резерви се дефинираат како средства кои се веднаш расположливи на монетарната власт, која воедно е и нивен контролор. Служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар за да се обезбеди влијание врз девизниот курс, но и за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка кои не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично