ПОВЕЌЕ

    Јануарски барометар

    Време зa читање: 3 минути

    Автор: Стручен соработник на Пари

    Од аспект на инвестициското портфолио во акции, месец јануари е посебно атрактивен за оние инвеститори кои во своето портфолио имаат голем број на мали акции. Крајот на годината и почетокот на наредната секогаш се впишани во инвеститорските перцепции како можност за расчистување со неповолните акции на крајот од година и купување на посакуваните акции на почетокот на годината.

    Во една таква конотација, берзанските статистичари забележале еден циклус кој се одвива токму во овој период и истиот е наречен Јануарски Барометар или ефект. Суштината на овој барометар е следна: согласно статистичките податоци забележан е тренд на зголемување на цените на акциите во месец јануари, како никој друг месец во годината со што се создава можност да се инвестира во акции во декември и истите да се продадат во јануари. Ваквите флуктуации во цените на акциите укажуваат на присуство на одредени аномалии во финансиските пазари.

    Од друга страна постојат уште две објаснувања за овој феномен: Првото е поврзано со даночните регулативе во одредени земји. Имено, инвеститорите сакајќи да прикажат капитални загуби ги продаваат своите акции во декември по пониска цена само за да го “исчистат” портфолиото, а потоа повторно ги купуваат во јануари, но сега по повисока цена. Втората хипотеза е дека обично годишните бонуси се делат во јануари и токму тогаш растат апетитите за вложување во акции, со што се создава притисок врз нагорно движење на цените.

    Бидејќи сеуште е рано да се анализира какво ќе биде однесувањето на цените на акциите на македонската берза оваа година, нашата анализа ќе ја скенираме преку расположливите податоци за движењето на цените на одредени акции од МБИ10 индексот во период од 01.12.2019 до 31.01.2020.

    КомпанијаЦена на акција во декември 2019
    Комерцијална Банка6.200-6.650
    НЛБ Банка16.500-17.200
    Алкалоид11.200-11.900
    Гранит1.020-1.100
    Македонијатурист76.000-77.850
    Стопанска Банка АД Битола5.360-5.700
    Македонски Телеком2.500-3.100
    Стопанска Банка307-324

    *Бројките се претставени во МКД валута и истите се заокружувани за полесно прикажување, при што може да има мали отстапувања од просечните вредности.

    Горната табела која е изработена екслузивно за порталот pari.com.mk, укажува на следните заклучоци:

    • Скоро кај сите компании од МБИ10 индексот важи правилото за Јануарски Барометар, односно цените на сите акции во одредени периоди од месец Јануари имаат зголемена вредност, во споредба со нивото на цени од месец декември.
    • Најголем пораст на цените е забележан кај Алкалоид, НЛБ Банка, Комерцијална Банка и Макпетрол.
    • Понизок, но респектабилен пораст има кај Македонијатурист и Стопанска Банка АД Битола.
    • Додека, најмал пораст на цените на акциите евидентиран е кај ТТК Банка, Македонски Телеком, Стопанска Банка АД Скопје и Гранит.

    Ваквата анализа го прикажува краткорочното движење на цените на најпопуларните 10 акции на македонската берза и во ниту еден момент не го отсликува тековното работење на компаниите.

    Ваквите краткорочни инвестициски потези може во најмала рака да се наречат шпекулативни и се косат со долгорочната инвестициона стратегија, но сепак податоците укажуваат на еден факт кој е присутен во тргувањето со акции и истиот може да се искористи во насока на генерирање краткорочни профити. Минатата година докажа дека Јануарскиот Барометар работеше во корист на оние инвеститори кои ја пропознаа шансата. Останува да видиме дали овој јануари ќе биде доходовен врз портфолијата на инвеститорите…

    Прочитај и: Анализа – Јаглероден кредит

    Автор: Стручен соработник на Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично