ПОВЕЌЕ

    Израелски пензиски гигант инвестираше 100 милиони долари во “Сивиот Биткоин”

    Време зa читање: 2 минути

    Израелската пензиска компанија, Алтшулер Шахам потроши 100 милиони американски долари во сивиот биткоин (GBTC), според извештаите во локалниот печат.

    Алтшулер Шахам е една од најголемите инвестициски куќи во Израел, со над 50 милијарди долари средства, кои што ги менаџира. Фирмата ја вложи инвестицијата во сивиот биткоин во втората половина на минатата година, кога биткоинот се тргуваше околу 21.000 американски долари, според извештајот.

    Откритијата се случуваат во време кога институционалните инвеститори се обидуваат да се “изложат” на крипто-валути, преку фондови како што се Grayscale. 

    Сивиот биткоин, е лансиран во 2013 година, и е најголемиот светски фонд за биткоин, кој им нуди на инвеститорите можност да добијат изложеност на водечката крипто валута. Grayscale е во сопственост на Групацијата за дигитални валути (исто така е и сопственик на CoinDesk).  

    Покрај купувањето акции во Grayscale, се дозна дека Алтшулер се интересирал за некои израелски првични понуди на монети уште во 2017 година, според извор запознат со компанијата.

    „Алтшулер има оддел за алтернативни средства што има паричници ЕТХ и БТК. Тие беа активни во минатото до одреден степен но сега, интензитот е многу поголем“, рече изворот. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично