ПОВЕЌЕ

    ИЗБРОЕНИ СКОРО 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БАНКА Битола, по досега највисока цена

    Време зa читање: 2 минути

    По досега највисока единечна цена од 4.093 денари, во блок-трансакција е извршена купопродажба на 2.962 обични акции издадени од Стопанска банка Битола. Информацијата ја сподели Македонска берза.

    Познат купувач платил вкупно 12.123.466 денари или 197,1 илјада евра. Со стекнатите хартии од вредност обезбедил сопственост од 0,76 проценти. Инаку, номинална вредност на оваа акција е 3.000 денари.

    Во текот на минатата година, според берзанскиот билтен за 2024, максимумот што го достигна акцијата на Стопанска банка Битола беше 4.000. Додека просекот е 3.092,16 денари. Оттаму, цената постигната во овој блок е за илјада денари повисока од просечната.

    Паралелно со оваа трансакција, понеделнички на официјалниот пазар просечната цена е 2.902 денари. Со дневен пад од 1,07 отсто. Истргувани се 56 акции, со промет од 162.510 денари.

    Инаку, поголем интерес за тргување со оваа акција се забележа откако акционерите на битолската Стопанска банка ја одбија понудата на Комерцијална банка за целосно преземање. Тогаш акцијата направи пробив и почнувајќи од август, три месеци се наоѓаше меѓу петте најтргувани. Воедно,  берзанската статистика неколку пати ја нотираше и како една од акциите со најголем раст на просечната цена.

    Во меѓувреме, Банката постигна голем успех во работењето. Односно, одработи разлика од шест милиони евра, со кои направи премостување меѓу загубата во 2023 и добивката во 2024 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично