ПОВЕЌЕ

    Историјата на Bank of America

    Време зa читање: 4 минути

    Една нишка од приказната за создавањето на Bank Of America започнува во далечната 1904 година кога е основана Bank Of Italy од страна на Amadeo Pietro Giannini(A.P. Giannini). Со неговото име се поврзани четирите клучни тези кои довеле до креирањето на тоа што денес го знаеме како Bank Of America:

    1. Првата теза е поврзана со животот на A.P. Giannini – Потеклото на неговите родители е од Џенова, кои се преселиле во САД за време на “златната треска”. P. Gianini своето детство го поминал на фармата на неговиот татко, додека неговите први менаџерски потфати ги стекнал работејќи во компанијата на неговиот очув. Неговиот италијански шарм го довел до ќерката на најбогатиот магнат со недвижнини во Сан Франциско, Joseph Cuneo, кој исто така бил дел од бордот на директори на North Beach Bank,Columbus Savings and Loans. Подоцна таа ќе стане негова жена, а после смртта на нејзиниот татко, A.P. Giannini ќе го наследи неговиот бизнис и уделот во банката. Клучниот сегмент е неговото несогласување околу политиката на банката, која својот клиентски таргет го насочувала кон богатите поединци, додека посиромашното население било лишено од користење на банкарските услуги. Заземајќи став дека сите треба да имаат пристап до банкарски услуги, A.P.Giannini во 1904 година ја формира Bank Of Italy.
    2. Втората теза е креирана од една природна катастрофа и корумпиран градоначалник – Во 1906 година Сан Франциско се буди размрдан. Градот е погоден од страотен земјотрес кој речиси ги урна сите домови и деловни објекти. За ситуацијата да биде уште полоша во тоа време градоначалник на Сан Франциско бил Eugene Schmitz, кој своето раководење со градот го конципирал на мито, корупција и фаворизирање на нелегални бизниси. Клучен сегмент била неговата неконтролирана градежна експанзија која довела до пукање на цевките со гас веднаш после земјотресот, со што бил предизвикан пожар кој начисто го пеплосал градот. Ваквата ситуација P. Giannini ја искористил преку тоа што неговата банка била единствената што уште во 9 часот наутро(4 часа после земјотресот) била отворена за клиентите, а A.P. Giannini го предвидел пожарот што се случил доцна вечерта и мудро сите пари од банката ги префрлил на сигурна локација. Со тоа банката била единствена што не претрпила загуби и една од ретките што во целост ги исплаќала штедачите. Дополнително, A.P. Giannini бил првиот што јавно декларирал и го спровел кредитирањето на населението со цел обновување на своите живеалишта. Познати се неговите јавни дебати во кои декларирал дека со помош на неговата банка Сан Франциско повторно ќе се издигне како феникс од пепел. Успешното менаџирање со заштедите и ликвидноста на банката, како и масовното кредитирање после земјотресот ја подигнаа репутацијата на банката до ниво да стане значаен сегмент во Американскиот банкарски систем.
    3. Третата теза е неговиот пионерски подвиг за креирање на банкарски филијали – A.P. Giannini го засновал своето банкарско работење на нужноста од креирање на банка за сите. Овие негови постулати имаат потекло од Канадското банкарско работење, а со креирањето на посебна регулатива за децентрализирано банкарско работење во 1909 година, банката била првата банка која отворила своја филијала во Сан Хозе.До 1918 година Bank Of Italy станала најраспространета банка во американскиот банкарски систем, со мрежа од 24 филијали. Во 1919 година P. Giannini почнал да го воведува трансконтиненталниот банкарски ситем кој довел до формирање на East River National Bank, која подоцна ќе стане Banca Meridionale, првата банка со мрежа на филијали во Италија.
    4. Четвртата теза е конституирањето на Bank Of America – Во 1928 година беше формирана Bank Of America, како спој на Bank Of Italy и Bank Of America, Los Angeles. На чело на банката со до неговото пензионирање во 1945 беше A.P. Giannini, кој започнал со купување на удели во Bank Of America, Los Angeles уште од нејзиното основање во 1922 година.

    A.P. Giannini ќе остане запаметен како голем визионер во светот на банкарството. Неговите кредити допринеле да бидеме сведоци на креирањето на Walt Disney, изградбата на познатиот мост Golden Gate Bridge, констутуирањето на компјутерската компанија Hewlett-Packard, како и возобнова на компанијата Fiat. Сепак она што со најголема гордост се споменува како синоним на Bank Of America e креирањето на првата кредитна картичка која банката ја издала во 1958 година со назив BankAmericard. Оваа картичка се ребрендирала во 1977 година во најпознатиот картичен провајдер Visa.

    Р.П

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично