ПОВЕЌЕ

    Како да инвестирате како Ворен Бафет?

    Време зa читање: 2 минути

    Веројатно сте читале многу за Ворен Бафет. Можеби тој изгледа мирен, мудар и скоро секогаш носи паметни одлуки. Но ако сакате да го следите примерот на Ворен Бафет и да го изучувате неговиот пристап, тогаш треба се запознаете со Бенџамин Грам. Бенџамин Грам е татко на она што се нарекува „инвестирање во вредност“. Тоа е стратегија кога инвеститорите избираат акции за кои сметаат дека се потценети од пазарот. Ворен Бафет смета дека тоа е од суштинско значење ако сакате успешно да предвидите како ќе се развива бизнисот во иднина. Анализирајте го бизнисот, а не пазарот, а потоа детално изучете го перформансот на компанијата во минатото. Потоа користете ги тие информации за да одлучите дали компанијата има долгорочен потенцијал.

    Следно, е управување на компанијата. Запрашајте се дали раководството на компанијата делува рационално. Како ја реинвестираат добивката? Истражувањата покажуваат дека повеќето менаџери на компании имаат тенденција да ги задржат профитите, наместо да ја зголемуваат вредноста на инвеститорот. Тоа е знак што можеби ќе ве натера да не инвестирате во таа компанија. Истото се однесува со искреноста во управувањето. Ако менаџментот не признава грешки, тоа е исто така лош знак. Формулата на Ворен Бафет изгледа едноставна, но за суштински да се разбере треба време. Можеби тоа е причината поради која самиот Бафет смета дека треба да инвестирате во индекс-фондови. Бидејки да се настојува сами да изберете победливи акции е ризично. На Бафет му се допаѓаат индексните фондови, особено поради ниските трошоци. Дури и ако не знаете ништо за инвестирање, периодично инвестирањето во индекс фондови може да ви донесе солидна добивка на долг рок.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично