ПОВЕЌЕ

    ИМАМЕ НОВ ДОЛГ ОД 90 МИЛИОНИ ЕВРА – издадени две државни обврзници

    Време зa читање: < 1 минутa

    Државата се задолжува со дополнителни 89,6 милиони евра. Толкава е вкупната вредност на двете државни обврзници, кои од денес котираат на Македонска берза. Едниот долг е на куса патека, на две години, а другиот ќе стаса за отплата по 15 години. А, двете обврзници се без девизна клаузула.

    Со понизок износ од 1.992.670.000 денари или 32,4 милиони евра е двегодишната државна обврзница. Емитувани се 199.267 обврзници со номинална вредност од 10 илјади денари. Носат каматна стапка од 3,85 проценти. Министерството за финансии ја издало обврзницата на 14 ноември, па за наплата ќа дојде на 14 ноември 2026 година.

    И раздолжувањето по основ на втората државна обврзница ќе биде на истиот ден од ноември, само во 2039 година. Вредноста на оваа емисија е во износ од 3.519.100.000 денари, односно 57,2 милиони евра. Што значи 351.910 обврзници со номинални десет илјади денари. За нив ќе се пресметува камата со стапка од 5,60 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично