Илон Маск сподели „оглас за вработување“ на својот Твитер профил.
Имено, сопственикот на Тесла сподели твит од сметката „Tesla Owners Austin“ со образложение дека на фабриката во Тексас им треба дури 10.000 работници, а ги наведе и посебните придобивки што ги очекуваат вработените.
„Пет минути до аеродромот, 15 минути до центарот на градот, веднаш на реката Колорадо“, напиша Маск.
Оригиналниот твит на компанијата наведува дека универзитетската диплома не е услов за вработување, иако Тесла има добра соработка со бројни универзитети, но дека луѓето можат да доаѓаат „директно од средно училиште“.