Британскиот нобеловец Демис Хасабис (48), кој ја доби Нобеловата награда за хемија во 2024 година и кој се смета за еден од најинтелигентните луѓе во светот, предвидува дека системите со вештачка интелигенција ќе ги заменат луѓето до 2035 година.
Тој ја доби Нобеловата награда за неговото истражување спроведено со помош на вештачка интелигенција, но самиот предупредува дека технолошкиот напредок ќе ги „изгасне“ луѓето.
Хасабис изрази загриженост за неверојатната брзина на развој на вештачката интелигенција, тој рече дека во следните десет години таа ќе се претвори во суперсила за оние кои разбираат како да ја користат и дека ќе има цветање на креативноста. „Но, прашање е што ќе се случи понатаму“, додаде тој.
Тој предвидува дека развојот на AGI – Вештачка општа интелигенција ќе ја елиминира потребата за луѓе . Експертите го нарекуваат и „силна“, и „на човечко ниво“, а Хасабис вели дека ќе биде револуционерна.
Експертите предвидуваат и дека AGI ќе ги надмине човечките способности во размислување, планирање, учење и комуникација. Исто така, ќе може да гледа и слуша подобро од луѓето, како и да се движи, истражува и подобро да користи одредени предмети.
Хасабис, кој, исто така, е извршен директор и ко-основач на Google DeepMind, рече дека светот се движи кон точка каде што нема ништо во кое луѓето се подобри од вештачката интелигенција.
Истражувањето на 1.500 експерти покажа дека 49 отсто од нив веруваат дека роботите ќе ја „уништат“ човечката раса и ќе го заземат светот.
Да потсетиме дека пред Демис, физичарот Џефри Хинтон, кој ја доби Нобеловата награда за развој на вештачка интелигенција, се изјасни против вештачката интелигенција. Неговото предвидување е дека има до 20 проценти шанси вештачката интелигенција да го „избрише човештвото“ во следните 30 години.