ПОВЕЌЕ

    ХАОС ВО ЖЕЛЕЗНИЦИ – ТРАНСПОРТ: Државните ревизори не дадоа зелено светло за финансиските извештаи

    Време зa читање: 2 минути

    Државните ревизори не дадоа зелено светло за финансиските извештаи на Железница на РСМ – Транспорт АД. Во објавениот ревизорски наод, потенцираат дека во ревизијата за работењето на јавното претпијатие во 2020 година се воздржуваат од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2020 година. Во делот на усогласеноста на работата со законската регулатива ревизорите дадоа неповолно мислење.

    Финансиските извештаи од точка 1.1. на овој извештај се одговорност на
    следниве директори:

    – Орхан Муртезани, генерален директор и претседател на Управен одбор од
    05.08.2019 година до 29.10.2020 година,
    – Аднан Азизи, генерален директор и претседател на Управен одбор од
    29.10.2020 година до 01.12.2021 година и
    – Мубекир Палоши, в.д. генерален директор и в.д. претседател на Управен
    одбор од 22.12.2022 година.

    Какви слабости откриле ревизорите во работењето на Железница-Транспорт?

    – отсуство на систем на интерни контроли и пишани процедури

    – користење на ИТ систем од постара генерација без договор за одржување и
    сервисирање

    – слабости во планирањето на јавните набавки

    – неусогласени критериуми за пополнување на работните места

    – пресметката на плата за вработените во Друштвото не е согласно законски
    одредби за пресметка и исплата на плата

    – нереална проценета вредност на активата

    – со посебен акт не е утврден начинот на вршење на попис на Друштвото

    – пресметана амортизација без да се изврши проценка на употребениот век на
    средствата

    – не е извршена пресметка за утврдување на сегашната вредност на користи за
    вработените

    – необјективно искажување на позициите за краткорочни побарувања од
    купувачи и краткорочни обврски кон добавувачи

    – недоследности во постапките за доделување на договори за јавна набавка и
    непочитување на одредбите од доделените договори

    Реизијата ги истакнува и следние прашања:

    – континуирана годишна загуба на Друштвото

    – судски постапки кои се во тек во кои тужена страна е Друштвото во износ од
    154.018 илјади денари односно 2,5 милиони евра.

    ЖРСМ-Транспорт АД во 2020 година остварила приход од 20 милиони евра, но годината ја завршила во загуба од 6,2 милиони евра.

    Минатата 2021 година компанијата имала приход од 23 милиони евра, а загубата изнесувала 4,5 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично