ПОВЕЌЕ

    Gyro House и Tasko претставуваат иновативен проект со првата музичка химна за бренд во Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Gyro House, водечкиот македонски бренд за највкусни и најголеми гиро оброци во Македонија, го најавува својот најнов и најинвентивен проект досега. Во соработка со популарниот македонски хип-хоп артист Tasko, Gyro House создаде уникатен музички проект – првата музичка химна за бренд во Македонија, која е придружена и со музички спот.

    Проектот кој ги обединува креативноста на Tasko и енергијата на Gyro House, носи ново искуство за фановите на хип-хоп музика и љубителите на добрата храна. Песната, која е официјално објавена денеска (14.02.2025), ја празнува љубовта кон квалитетната храна и стилот на живот, кој Gyro House го промовира. Со динамична и мотивирачка енергија, песната ја истражува приказната за страста, брзиот живот и вкусните XXL гиро оброци.

    „Благодарни и горди сме на Tasko за оваа уникатна соработка, која претставува вистински пресврт за брендовите во Македонија. Овој проект е иновација која го поместува маркетингот и музичката индустрија на ново ниво. Ќе бидете изненадени од музичкиот спот, кој не само што ја презентира нашата љубов кон храната, туку и ја враќа на сцена целата култура на уживање во храната, поврзувајќи ја со младешката енергија и модерниот начин на живот. Со Tasko, создадовме нешто што ќе биде препознатливо за сите – тоа е повеќе од рекламна песна, тоа е културен израз на нашата страст и посветеност кон најдобрата храна и најдоброто искуство за нашите клиенти“, вели Кристијан Угриновски – Основач и сопственик на Гиро Хаус и Форб Груп.

    Песната и музичкиот спот се достапни на сите платформи и ќе се емитуваат преку различни дигитални канали како што се YouTube, Instagram, Facebook и TikTok, во склоп со серија промотивни активности за да се донесе на вистински начин „музика и храна“ до сите љубители на добриот вкус и динамична енергија.

    Новиот проект на Gyro House и Tasko е само почеток на новата етапа за брендот, кој продолжува да иновира и ја развива својата позиција на македонскиот пазар, во чекор со најновите трендови во маркетингот.

    „Бидете подготвени за нешто големо – ова е само почеток на она што ќе следи!“ додаваат од Gyro House.

    ПР објава 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично