ПОВЕЌЕ

    ГРЧКИОТ „ОСТРОВ НА ИНСТАГРАМ“ погоден од 200 земјотреси, се стравува од поголем земјотрес и цунами

    Време зa читање: 2 минути

    Грчките власти испратија специјални сили, спасувачки тимови, шатори и беспилотни летала на островот Санторини откако двесте сеизмички потреси беа регистрирани во областа.

    Поради страв од поголем земјотрес што може да предизвика цунами, на луѓето им беше препорачано да го избегнуваат брегот и запуштените згради, да ги испразнат базените и да се воздржуваат од собирање во голем број во затворени простори. Министерството за цивилна заштита соопшти дека училиштата ќе бидат затворени како мерка на претпазливост во понеделник.

    „Ништо не може да се исклучи“, изјави за државната телевизија ЕРТ, Костас Папазахос, професор по геофизика на Универзитетот Аристотел во Солун. „И затоа се воведуваат мерки на претпазливост, токму за да се ограничи влијанието на посилен земјотрес“.

    Грција се наоѓа на повеќе раседни линии и често е потресена од земјотреси, но експертите ја опишаа зголемената сеизмичка активност во период од 48 часа, со регистрирани повеќе од 200 потреси, како драматична, иако тие нагласија дека потресите биле предизвикани од тектонски, а не од вулкански активност.

    Училиштата ќе бидат затворени на култниот грчки остров Санторини. Властите, исто така, ги советуваа жителите да избегнуваат големи собири во затворен простор и да се оддалечат од повеќе пристаништа, вклучително и старото пристаниште Фира, веднаш под главниот град на островот.

    Училиштата ќе бидат затворени и на блиските егејски острови Анафи, Иос и Аморгос, соопштија властите во неделата.

    Помеѓу петокот и неделата, повеќе од 200 земјотреси беа откриени меѓу Санторини и Аморгос, вклучително и земјотрес со јачина од 4,6 степени, најмоќниот досега, според властите.

    Санторини е дел од Грчкиот вулкански лак, едно од најактивните вулкански полиња во Европа, на кое се забележани повеќе од 100 ерупции во изминатите 400.000 години.

    Властите рекоа дека сегашната сеизмичка активност се должи на тектонските движења кои се чини дека не се поврзани со вулканска активност. Слично на тоа, зголемената сеизмичка активност во 2011 и 2012 година не резултираше со никакви ерупции, истакнаа тие.

    Последниот голем земјотрес во Санторини се случи на 9 јули 1956 година. По земјотресот со јачина од 7,5 степени следеше цунами со височина од 25 метри (околу 80 стапки).

    Најмалку 53 лица загинаа, а повеќе од 100 беа повредени, додека најмалку една третина од куќите се урнаа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично