ПОВЕЌЕ

    Google ја продолжи работата од дома до крајот на годината

    Време зa читање: 2 минути

    Покрај „Facebook” и „Google” објави дека вработените во компанијата кои работат од дома заради пандемија на коронавирусот, ќе можат да продолжат со работа во домашни услови до крајот на годината.

    Технолошкиот гигант го најави претстојното отворање на своите канцеларии, но, исто така најави дека ќе им овозможи на вработените поголема флексибилност кога станува збор за начинот на кој работат.

    „Google” најпрво објави дека на своите вработени ќе им дозволи работа од дома до 1 јуни, но сега најави дека овој принцип на работа ќе го практикува и во наредните седум месеци.

    „Facebook”  исто така објави дека ќе ги отвори своите канцеларии на 6 јули, но дека повеќето од оние што можат да работат од дома ќе можат да работат така до крајот на годината, пренесува „BBC”.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично