ПОВЕЌЕ

    Глобалниот долг на рекордно ниво

    Време зa читање: 2 минути

    Економската криза поради пандемијата го подигна нивото на глобалниот долг на рекордни 272 трилиони долари оваа година, пишува CNBC.

    Според Меѓународниот институт за финансии (IIF), глобалниот долг ќе достигне 277 трилиони долари до крајот на годината, што би претставувало сооднос на долгот кон БДП од 365 проценти.

    Главната причина за зголемувањето беше поддршката на националните влади на компаниите и населението заради пандемијата, што исто така доведе до воведување на забрани за движење и драстично намалување на економската активност.

    Како резултат на тоа, компаниите беа принудени да се свртат кон алтернативни методи на финансирање, додека двата фактори доведоа до драстично поголемо задолжување.

    IIF наведува дека, поради ваквите заеми од страна на владите и корпорациите, глобалниот долг се зголеми за 15 илјади милијарди долари во првите три квартали од оваа година.

    Сепак, пандемијата не е единствената причина за овој износ на глобален долг, имајќи предвид дека стапката на раст на глобалниот долг е огромна од 2016 година, со зголемување од над 52 трилиони долари, според IIF.

    Во развиените земји, долгот скокна над 432 проценти од БДП во третиот квартал од оваа година, скок од 50 проценти од претходната година, од кои САД се одговорни за скоро половина од ова зголемување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично